Ковачевски повика на брза деескалација и враќање на мирот во Косово
Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски во врска со вчерашните настани во Косово рече дека насилството никогаш не е добра опција и дека стабилноста и напредокот во регионот може да се постигнат само преку отворен дијалог.
Ковачевски на Твитер повика на брза деескалација на ситуацијата и враќање на мирот и стабилноста.
„Сведоци сме на загрижувачка ескалација на настаните, покрај голем број повредени луѓе. Насилството никогаш не е добра опција и е за осуда, особено што војниците на КФОР се исклучително посветени на мисијата за одржување на безбедноста и стабилноста во регионот Повикувам на итен прекин на насилството, брза деескалација на ситуацијата и враќање на мирот и стабилноста на Косово. Стабилноста и напредокот во регионот може да се постигне само со отворен дијалог“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека е потребна мирна и отворена комуникација која ќе овозможи забрзана имплементација на Договорот за нормализација, со сите анекси и меѓусебно преземени обврски.
Тој посочува дека од клучно значење е да се продолжи блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот, пред се во насока на забрзување на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, со цел консолидирање на стабилноста и, како што наведува, стеснување на просторот за влијание на дестабилизирачки трети страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…