Директорот на Агенција за катастар за недвижности крие милионери и богаташи кои не сакаат да плаќаат данок!

t

Единствено нешто што го запалило Скопје е коалицијата СДСМ-ДПМНЕ, во моментот кога сте седнале на таа клупа вие сте советник на сите граѓани, не само за членовите на СДС или ДПМНЕ, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката на Град Скопје.

Тоа што го кажувате не е извртување, тоа е лажење, ноторно лажете, не постои начин на кој можам ова поделикатно да го срочам. Никој не кажал дека наплатата на даноци оди лошо, оние граѓани кое се во даночниот систем си плаќаат, ние зборуваме за оние кои ги крие вашиот директор на Агенција на катастар за недвижности.

Кажавте сме имале пристап до ЕКАТ, ве замолувам влезете и извадете имотен лист на ендо лице, и најдете начин како да го поврзете дека токму тој е даночниот обврзник кој е поврзан со тој имот. Ако има десет Љубица Јанчева, како ќе знаеме која за кој имот треба да плати?

Директорот на Агенција за катастар на недвижности треба да каже кој со каков имот располага, ние не можеме да изготвиме даночно решение без идентификација.

Јас ве повикувам да дојдете со нас, ќе влеземе во соодветниот сектор и ќе видите дека делот со лични податоци на граѓаниот на имотниот лист стојат нули. Тоа не е заштита на лични податоци, тоа езатаја на данок, затоа ги крие. Зошто 245.000 граѓани имаат даночни решенија, а остататите од кои 90% се функционери кои имаат по триесетина станови и плацеви низ градот.

Не ги даваат основните податоци да се најде кој е краен сопственик на имотот, вашиот директор на Катастра за недвижности ги крие овие податоци. Нема друга начин да се идентификува ова, ккао инспекција ќе им влезе дома на луѓето.

Јасно е како бел ден, нема зошто да не ги даде податоците, влезот на оние кои не се пријавени за данок одни лошо, не наплатата. Небулозно му беше образолжението дека сме немале контакт со реалноста, а тој крие стотици богаташи и милионери во градот на кои не можеме да им испратиме решение за оданочување.

Секој еден кој има имот треба да влезе во системот на Град Скопје, оние кои ги има во системот се принципиелни и си плаќаат, тие што плаќаат плаќаат редовно, другите ги крие директорот на катарстар, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…