Путин доби дипломатски имунитет: Ќе учествува на самитот на БРИКС
Јужноафриканската Република денеска им додели дипломатски имунитет на учесниците на претстојниот самит на БРИКС на крајот на август, за кој шефот на Кремљ, Владимир Путин, доби лична покана во март, пренесоа агенциите.
Меѓународниот кривичен суд во Хаг оваа пролет издаде налог за апсење на Путин, поради наводно нелегално депортирање на деца од Украина. Според судот, Јужноафриканската Република е должна да го приведе Путин и да му го предаде на Хаг. Поради ваквата ситуација, официјална Преторија со недели ги одмерува своите дипломатски опции.
Јужноафриканскиот оддел за меѓународни односи и соработкa денеска објави декларација по тој повод со која се признаваат два состаноци кои ќе бидат опфатени со дипломатски имунитет според Законот за дипломатски имунитети и привилегии. Првиот состанок е Министерскиот состанок на БРИКС што ќе се одржи во Кејптаун на 1 и 2 јуни 2023 година.
Имунитетите и привилегиите според Конвенцијата на ОН даваат имунитет од лично апсење или притвор. Сепак, според Римската повелба – на која се заснова работата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг – имунитети не се доделуваат.
Што ќе се случи понатаму со доаѓањето на Путин во Кејптаун, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Сто проценти царинa за земјите од…
„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат…
Победата на Трамп ги замрси сметките на…
Новиот американски претседател Доналд Трамп ќе биде…
Додик најавува финансирање на Република Српска преку…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го…
Куба стана земја-партнер на БРИКС
Куба се приклучи на блокот БРИКС како…
Орбан за БРИКС: Тоа е самит на…
Самитот на БРИКС во Казан беше самит…