Објавено на:

Харадинај: Курти да поднесе оставка, тој и Вјоса Османи го уназадија Косово!

t

Според претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај земјите инвестираат децении во создавање пријателства и сојузи, додека во случајот со Косово, Курти се обидува да ги уништи.

По американските санкции за Приштина Харадинај оцени дека Албин Курти и Вјоса Османи за неполни три години на власт не постигнале ниту еден успех без да го „свртат наопаку“ и дека за толку кратко време го вратија Косово како пред 10 години.

– Исклучувањето на Косово од вежбата на НАТО – Бранител на Европа 2023 е аларм за нашата национална безбедност. Мора да си многу кусоглед за да бидеш непријателски настроен кон целиот демократски свет во ова деликатно време – напиша Харадинај на Фејсбук.

– Имаше и други во нашата историја кои сакаа да ги уништат овие сојузи, но Косово беше поголемо од нив и триумфираше. Нема друга алтернатива освен да триумфира овој пат. Народот на Косово, кој е најпрозападниот народ на континентот, ќе знае како да ги заштити своите пријатели и нивната ориентација. Албин Курти не може да ја смени ориентацијата на Косово и неговиот народ – изјави Харадинај.

Тој го повика Курти да поднесе оставка.

– Има само една шанса, еднаш во животот да направи нешто добро за Косово! Денеска поднесете оставка – рече Харадинај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска: Висар Ганиу не може да уништи…

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави фотографии…

Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на…

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони предложи заедничка иницијатива…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…