Објавено на:

Борел ја поздравува одлуката на НАТО да испрати дополнителни 700 војници во Косово

t

Специјалниот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ја поздрави одлуката за испраќање дополнителни сили на НАТО на Косово и порача дека мора да се врати мирот.
„Ја поздравувам одлуката за распоредување дополнителни 700 војници на Косово. Ќе продолжиме со блиската координација и соработка со КФОР и преку нашата мисија ЕУЛЕКС. Сега мирот мора да се врати“, напиша Борел на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно денеска најави дека НАТО ќе распореди уште 700 војници од својот оперативен резерват во Западен Балкан, како засилување на мисијата КФОР на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…

Најава за нови апсења на Косово, дали…

Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…