Објавени детали за потресот во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 31.05.2023 година регистрираше земјотрес 89 km југозападно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10 часот и 14 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и од населението во Ресен, Струга, Вевчани и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…