Рама: Од ветувањето во Солун за членство во ЕУ до сега со Димитар станавме двајца ќелави мажи
Како Европската Унија ќе се занимава со Западен Балкан ќе се решава во Брисел. Таму ќе бидат строги за исполнувањето на критериумите на секоја земја, но Унијата како заедница треба да направи нешто малку поразлично во однос на интеграцијата на регионот, порача албанскиот премиер Еди Рама на Форумот во Братислава.
– Не ме интересира опсесијата сега да бидеме дел од ЕУ. Но, да работиме заедно. Не е работата да ни издадат возачка без да знаеме да возиме автомобил – рече Рама.
Во контекст на ставот дека Европејците треба да бидат реални, отворени и искрени, тој потсети на ветувањата од Солунскиот самит на ЕУ пред 20 години.
– Во Солун беше кажано дека ќе бидеме дел од ЕУ уште пред да ми падне косата. На Димитар му падна косата. Сега сме ние двајца келави мажи затоа што веруваме дека ќе бидеме членки брзо – изјави Рама на заедничкиот панел со Ковачевски на кој беа најавени како „важни играчи на Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…