Кристофер Хил го попари Курти: Приштина ќе сноси последици бидејќи не ги послуша советите на САД
Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил, денеска изјави дека Приштина ќе ги сноси последиците бидејќи не ги послушала советите на Соединетите држави, дека тоа ќе влијае на односите со Вашингтон, но дека не е запознаен со сите детали.
Тој го изјави тоа за новинарите во Белград и додаде дека мора да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, формирање на ЗСО и продолжување на дијалогот.
„Нашиот државен секретар, Ентони Блинкен, јасно стави до знаење дека се противи на какви било потези што ги направил Курти кои се спротивни на сите совети што ги дававме и Блинкен рече дека ќе има последици. Мора да се обидеме да не го изгубиме нашиот компас и насока, а тоа е формирање на ЗСО, нормализација на односите. Потребно е блаканскиот регион да се помири и да продолжи во насока на ЕУ и евроатлантските интеграции“, рече Хил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…