Груевски: Се сеќавам колку бев горд со податокот што бројот на вработени во Македонија во времето додека ја предводев владата порасна за над 183.000 – а сега..
Неодамна се објави податокот дека бројот на вработени во Македонија за пет години паднал за над 50.000 лица, кога ќе се споредат третиот квартал од 2022 година и третиот квартал од 2017 година, кога актуелната власт само што ја беше превзела власта. Поточно од 743.451 вработено лице бројот паднал на 693.062 лица.
Се сеќавам колку бев горд со податокот што бројот на вработени во Македонија во времето додека ја предводев владата порасна за над 183.000. Во 2006 Македонија вработените лица во Македонија беа околу 560.000 лица. Толку вкупно работеа.
На заминување таа бројка беше веќе околу 743.500 вработени, по сите финасиски, економски, светски, европски и политички кризи зад нас.
Сега веќе тој постигнат ефект од новоотворени работни места во нашиот мандат како влада е намален за околу 30%.
Не ми е сеедно сето ова. Независно колку од ова се должи на затворање бизниси, колку на иселување, демографија или било што и да е. За се има решение и одговор, и ние се справуваме со сѐ од тоа. 50.000 вработени лица помалку не се малку. Тоа е отприлика бројка колку еден цел град или општина како цел Велес или цел Штип на пример. За само 5 години!!! Тоа е огромна армија на луѓе.
Многу труд вложивме. Новоотворените работни места не ни паднаа од небото. Тоа воопшто не е лесна работа. Да беше лесна, ќе ја направеа и пред нас, или после нас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Регистрирани 46 пожари на отворен простор…
Вкупно 46 пожари на отворен простор се…
Мерц го повика Путин да ја прекине…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот…
Пјонгјанг објави детали за ракетната вежба: тврди…
Северна Кореја објави дополнителни информации за ракетното…
Бразил избира претседател: Лула и Флавио Болсонаро…
Бразилците денеска гласаат во првиот круг од…
САД распоредија околу 3.000 војници во Израел…
Околу 3.000 американски војници во моментов се…