(Видео) Зовре атмосферата: Бугарските пратеници на раб на тепачка во Парламентот
Висока тензија и физичка пресметка во пленарната сала на Народното собрание меѓу пратеници од „Преродба“ и ПП-ДБ. Истиот почна по читање декларација од партијата на Костадин Костадинов.
Јавор Божанков од ПГ на ПП-ДБ излезе да прочита изјава во име на својата група, со која ги испровоцира пратениците од „Преродба“.
Божанков во својата изјава ги критикуваше постапките на партијата на Костадин Костадинов, обвинувајќи ја дека им служи на интересите на Путин и Русија во Бугарија и дека странски национален интерес е агресорот (Русија) да дојде во Бугарија.
Кога зборуваат за национални предавници, треба да знаат дека тие се националните предавници, рече Божанков.
Чашата се прели кога пратеникот од ПП-ДБ дел од претставниците на „Преродба“ ги нарече „меки зглобови“, што практично го разоткри незадоволството и за неколку секунди околу говорницата се собра третата по големина партија во парламентот, подготвена за физичка пресметка..
Претседателот на Народното собрание Росен Желјазков даде 30-минутна пауза за смирување на страстите.
Таквото однесување е ненормално и погрешно. Јавор Божанков беше сам, а тие беа глутница. Тие се нафрлија на него, отидов да ги спречам. Дојде Злати, па другите. Ги боли и ќе продолжи да ги боли за некои работи, изјави Манол Пејков од „Демократска Бугарија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…
Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…