Глупавите Британци да се сметаат за легитимна цел, вели Медведев
Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена цел, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој обрна внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џејмс Клеверли, кој рече дека Украина има право да „проектира сила надвор од нејзините граници“.
– Денеска Велика Британија делува како сојузник на Украина, обезбедувајќи и воена помош во форма на воена опрема и експерти. Значи, тој де факто води необјавена војна против Русија. Во тој случај, секој нејзин јавен функционер (и воен и цивил кој придонесува во војната) може да се смета за легитимна воена цел – рече Медведев.
Тој посочи дека Лондон бил и останува вечен непријател на Москва.
– Глупавите функционери на Велика Британија, нашиот вечен непријател, треба да имаат на ум дека според општо признатото меѓународно право кое го регулира водењето на војна во современи услови, вклучително и Хашките и Женевските конвенции со нивните дополнителни протоколи, нивниот став може да биде и се квалификува како во војна – напиша Медведев на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Медведев се закани со понатамошни чекори откако…
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ги обвини…