Објавено на:

Ретка појава: Руски политичар јавно побара оставка од Путин

t

Британското министерство за одбрана пишува за необичен настан кој се случил во Русија пред неколку дена. Таму, имено, на телевизија, опозициски политичар отворено повика Путин да биде поразен на изборите и да се подобрат односите со Европа.

„На 27 мај 2023 година рускиот опозициски политичар Борис Надеждин се појави на рускиот канал НТВ и повика на избор на нов претседател во 2024 година за да се обноват нормалните односи со Европа“, пишуваат Британците.

„Надеждин е гласен критичар на војната од почетокот на инвазијата, но ова е многу веројатно првиот повик за смена на Путин на руската државна телевизија од почетокот на војната“, пишуваат Британците.

Во текот на изминатите 15 месеци, Русија воведе ограничувања на слободата на говорот што не се видени уште од советското време.

„Сепак, постои реална можност дека неодамнешната остра реторика на националистичките личности, како што е сопственикот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, ги охрабрува опозициските личности да отвораат табу теми“, се додава во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…