МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија
Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата.
-Поради ситуацијата што настана на северот на земјата, Министерството ги повикува сите граѓани да избегнуваат преминување низ Србија – соопшти Министерството.
Според нив, имаат извештаи „за апсење на државјани на Република Косово од страна на српските власти при нивното поминување низ Србија“. Во соопштението се додава дека „со тие случаи тесно се решава преку Канцеларијата за врски во Белград“.
-Имајќи ги предвид последните настани и почитувајќи го некоректниот пристап на српските власти, со цел да се избегне каков било инцидент, Министерството ги повикува граѓаните да користат алтернативни рути за патување – соопштија од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…