Град Скопје заедно со Црвениот крст и СОС Детското село, го одбележаа Светскиот ден на згрижувачи
Денеска со Црвениот крст на Град Скопје и СОС Детското село, го одбележавме Светскиот ден на згрижувачи – 1 Јуни, со цел да се подигне јавната свест за згрижувачките семејства како позитивен пример во општеството.

Изразувам голема благодарност до сите семејства кои се веќе вклучени во системот. Нивната хумана мисија е од непроценливо значење за оние на кои им е најпотребна нашата помош. Во Градот Скопје тие имаат партнер и поддршка за сите активности, а особено сме посветени на грижата за децата без родители и децата со посебни потреби. Заедно работиме на повеќе проекти за подобрување на условите во згрижувачките семејства и ја користам оваа можност уште еднаш да повикам што поголем број семејства да се вклучат во системот на згрижувачи.

Црвениот крст на Град Скопје во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачи, ја имплементира и годишната програма за социјализација на деца и млади со попреченост, и за деца сместени во згрижувачки семејства.
– Видеото погледнете го ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…
Како МВР е надлежно да поднесува кривична…
Три градови во БиХ урнаа рекорди –…
Босна и Херцеговина денес беше погодена од…
Рама: Планот за азил во трети земји…
Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…
Претепан и ограбен малолетник во Струга
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…
Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…
Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…