Објавено на:

Орбан повикува да се спречи украинската контраофанзива: Тоа ќе биде крвопролевање

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека е неопходно да се спречи контраофанзивата на украинската армија бидејќи таа само ќе доведе до нови жртви, пред се на страната на Украина.
„Мислам дека треба да направиме се за да ги убедиме страните пред почетокот на украинската контраофанзива дека се неопходни прекин на огнот и мировни преговори, во спротивно ќе изгубиме многу човечки животи“, рече Орбан.


Тој смета дека вооружените сили на Украина ќе претрпат огромни загуби во случај на масовен напад.


„Големите стратешки офанзиви се крвопролевање. Дури и некој како мене, кој служев војска само година и половина, а никогаш не завршил воена академија, знае дека напаѓачката страна трпи три пати повеќе загуби од бранителите. „За земја чие население е само дел од населението на спротивставената земја – Русија има 130-140 милиони жители, а Украина е веројатно некаде помеѓу 30 и 40 милиони – во такви околности, започнувањето на голема офанзива е крвопролевање. изјави унгарскиот премиер за радио „Кошут“.

Запрашан да ја коментира изјавата на претставникот на унгарската опозиција, градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Карачон, дека Унгарија наводно „веќе е во војна со Русија“, Орбан рече дека ниту еден разумен човек кој слушнал за Втората светска војна нема да дозволи такви изјави.
„Ако некој, без да стане од столот, каже такви работи, тогаш едноставно е луд. Додека сегашната влада е на власт, Унгарија нема да војува со Русија“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер претходно неколку пати изјави дека лидерите на ЕУ се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во конфликтот во Украина, повикувајќи ја да почне да го снабдува Киев со оружје. Тој рече дека неговата земја е „на страната на мирот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…