„Епл“ го отфрла обвинувањето на руската ФСБ дека соработува со разузнавањето на САД
Технолошката компанија „Епл“ ги отфрла тврдењата на руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека соработува со американското разузнавање и ги следи руските корисници на Ајфон, соопшти синоќа компанијата.
„Ние никогаш не сме соработувале и нема да соработуваме со кои и да било власти за вметнување бекдор (ранливост што дозволува добивање несанкциониран пристап до апаратот) на каков и да било производ на Епл“, се вели во изјавата на компанијата.
ФСБ вчера излезе со тврдење дека „Епл“ тесно соработува со разузнавањето на САД, вклучително и со Агенцијата за национана безбедност (НСА), и дека во Ајфоните била откриена „аномалија“ која органот ја поврзува со „разузнавачки акции на американските специјални служби“ за да ги шпионира Русите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…