Зеленски: Некои членки на НАТО толку се плашат од Русија што не сакаат Украина да стане членка на Алијансата
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека некои членки на НАТО толку се плашат од Русија што не сакаат Украина да стане членка на Алијансата, прашувајќи дали има смисла Киев да учествува на самитот на НАТО во јули во Вилнус, доколку Украина не добиваат каков било сигнал за сопствениот статус.
Запрашан дали тој лично мисли дека Украина ќе добие таков сигнал, Зеленски призна дека навистина не знае ништо за тоа.
„Мислам дека некои земји од НАТО се плашат од Русија и зато не ја сакаат Украина сакаат во Алијансата. Ако не ни дадат некаков знак, некаков сигнал, мислам дека нема смисла да учествуваме на претстојниот самит“, рече Зеленски во интервју за „Волстрит џурнал“.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло, изјави дека НАТО во моментов активно ја разгледува безбедноста на Украина во постконфликтниот период со цел да гарантира дека конфликтот нема да продолжи.
Тој објасни дека е неопходно на Украина да и се обезбеди долгорочна воена поддршка, повеќегодишни програми и да се разгледаат рамки за давање гаранции за, како што рече, Русија да не може повторно да ја нападне Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…