Нова економска лекција од Груевски: Како македонските фирми да го освојат регионот, а и светот и да донесат пари дома

t

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук објаснува како македонските фирми можат да внесуваат средства во македонската економија од странство.

Во продолжение го пренесуваме во целост неговата објава:

Нова економска парадигма (Втор дел)

Новите “локомотиви” на Македонија.

Колку странските фирми изнесуваат профит од Македонија, толку македонските фирми да внесуваат профит од нивни инвестиции во странство.

Во првиот дел од текстот кој го објавив на 13. Март 2023 година со ист наслов

https://www.facebook.com/100044378201385/posts/764887171667216/?mibextid=cr9u03

ја образложив причината и потребата за директна државна подршка на македонските компании кои сакаат да превземат компании во други држави заради ширење на пазарот, поголеми профити кои во голем дел би се вратиле во Македонија и ред други прашања.

Оние кои го интересира оваа тема препорачувам прво да го прочитаат или ако го прочитале да го препрочитаат тој текст чии линк е погоре.

Во тој текст фокусот беше на компании кои купуваат цели компании, односно ги купуваат нивните акции или удели во целост или во мнозинство.

Во тој текст фокусот беше на долгорочни кредити под многу поволни услови за превземање на цели компании информите како тоа може да се изведе институционално.

Денешниот текст е профолжение на тој текст но на друг сегмент- на грантови за купување средства (објекти, земјиште, машини, опрема…) заради обавување стопанска дејност во друга држава.

Грантови доделени од државата за инвестиции на македонски компании надвор од Македонија со цел купување средства, од типот земјиште, фабрички хали, машини, опрема, објекти за хотели, објекти за болници, деловни центри, трговски центри итн надвор од Македонија, заради извршување стопанска дејност чии профит компаниите кои примиле грант ќе се обврзат да го инвестираат во Македонија најмалку одреден број години и најмалку до нивото на троен износ од износот кој го добиле како грант.

Државата мора да одреди точни критериуми за доделување на тие грантови за да се одбегне можност за корупција и да ги добиваат сите кои исполнуваат услови за тоа.

Државата може да прецизира и до кој процент од износот на инвестицијата може да доделува таков грант, и тој процент во различни земји би бил различен особено што ЕУ на пример има ограничувања во тој поглед.

Како и да е, тој грант не би требало да надминува повеќе од 50% од инвестицијата а инвестицијата би имала ограничувања во можно оттуѓување на купените средства со помош на грантот, додека не се исполни грантовата програма на државата во смисла на инвестирање на профитот во Македонија од работењето со тие средства во странство.

Такви иако помеки одредби за враќање на профитот во Македонија би имало и во случаите на државни долгорочни многу поволни заеми за превземање на цели компании во странство, но со обзир дека тука се работи за грантови, таквите обврски би биле поголеми.

На пример. Фирма која во Македонија продава на големо градежен матерјал, би можела да добие грант од на пример 9 милиони евра ако ги купи средствата (земјиште, магацини, деловни објекти и сл.) во износ од 18 милиони евра на друга таква фирма во друга држава, на пример во Србија, Босна и Херцеговина или Албанија.

Потоа таа фирма во тие земји е обврзана профитот да го инвестира преку својата фирма “мајка” назад во Македонија се додека не достигне инвестиција во Македонија од најмалку 27 милиони евра во било кој бизнис.

Доколку таа фирма во странство годишно просечно заработува 3 милиони евра, тогаш за 9 години ќе ги инвестира тие пари во Македонија. На фирмата примател на грантот и остануваат 9те милиони евра грант, фирмата ќерка во друга држава и ново освоениот пазар. Потоа, по инвестирањето на профитот во Македонија согласно договорот за грант, фирмата сама одлучува каде ќе го пласира следниот профит, и многу е веројатно дека дел и од тој профит повторно ќе биде инвестиран во Македонија.

Што добива Македонија?

Добива 27 милиони евра нова инвестиција во Македонија и многу нови работни места.

Добива македонска компанија со многу поголем пазар од македонскиот кој е мал и е само 1,85 милиони жители пазар.

Добива влијание во странство, нови знаења, идеи, перспективи, визии, профити и веројатно фирма која е на пат да влезе на ист начин во трета држава по неколку години.

За придобивките на Македонија повеќе пишував во првиот текст од 13 Март 2023 година, па повторно упатувам на истиот преку горниот линк бидејки се трудам да не се повторувам.

Или втор пример. Фирма од Македонија купува објект за приватна болница, како и опрема за истата, во Романија, Хрватска или Бугарија. Објектот и опремата чинат 35 милиони евра. Државата дава грант од 10 милиони евра.

Во следните години таа болница во просек заработува по 4 милиони евра.

Така, следните 7-8 години профитот од таа приватна болница во износ од најмалку 30 милиони евра или трикратен износ од грантот се инвестираат во Македонија во кој и да е бизнис.

Би можело да се постават и ограничувања во тој бизнис да има минимум вработени доколку така се отцени.

За придобивките на Македонија и на македонската фирма повторно упатувам на претходниот текст чии линк е погоре.

Вакви примери може да има со пиварници или производство на сокови, со фирми и средства за супермаркети, производство на различни делови за железо или челик, осигурителни компании, фабрики за преработени земјоделски и прехранбени производи и многу други.

Она што е најважно е што на Македонија никој не би можел да и замери за тоа што го прави, бидејќи тоа субвенционирање во регионална експанзија на македонските компании го прават многу други држави. И го прават со голем успех. Има одлични резултати.

Долгорочната цел според оваа нова парадигма треба да биде: македонски регионални или европски гиганти кои би биле нови локомотиви во идниот развој на Македонија и колку странските фирми изнесуваат профит од Македонија, толку македонските фирми да внесуваат профит од нивни инвестиции во странство.

Оваа програма не значи запирање на напорите за привлекување странски директни инвестиции во Македонија. Напротив тој дел треба да се унапреди, бидејќи Македонија веќе шест години е надвор од трката за привлекување инвеститори, па така Србија прибира над 65% од странските инвестиции во Македонија.

Нас не треба да ни е таргетот да се натпреваруваме со Србија, туку најмалку со цела источна Европа, од балтичлите земји, преку земјите од Вишеградската група во централна Европа па до Балканот, но и пошироко.

Со подршка на регионална експанзија на македонските фирми во некој од инвестициите ќе се подржи и извозот од Македонија.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …

„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот,…

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…