Лајчак и Ескобар во понеделник ќе го посетат Косово
Портпаролот на Европската унија Петер Стано изјави дека специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак и американскиот пратеник Габриел Ескобар ќе престојуваат во Косово и Србија во понеделник и вторник, со цел да се вклучат во деескалација на тензиите на северот на Косово, пренесува Газета експрес.
Стано рече дека претставниците на ЕУ и САД ќе бидат во Косово во понеделник.
„Можам да потврдам дека специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак ќе оди во Приштина и во Белград во понеделник и вторник заедно со американскиот пратеник Габриел Ескобар, таа посета следи по повикот од највисокото ниво на ЕУ за деескалација на тензиите на северот на Косово“, изјави Стано за Косово Прес.
Според извори од косовскиот печат, тие ќе го посетат и северот на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…