Првите турски војници денеска пристигнуваат во Косово
По најавата за распоредување дополнителни трупи на НАТО поради немирите на северот на Косово, група турски војници денеска се упатија кон Косово за да им се придружат на другите членови на КФОР.
Турските власти соопштија дека баталјонот на 65-та моторизирана пешадиска бригада се упатил кон Косово, јавуваат приштинските медиуми.
Барањето за испраќање војници го испратила Командата на Здружените сили на НАТО, соопшти Министерството за одбрана на оваа земја. Станува збор за единици кои се префрлени од касарната „Султан Мурат“.
Како што објавија медиумите вчера, Турција планира да испрати свои војници денеска и утре.
Министерството за одбрана на земјата повика на воздржаност и конструктивен дијалог за решавање на кризата „која може да ја загрози регионалната безбедност и стабилност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…