Брнабиќ: Подготвена сум да поднесам оставка веднаш!
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на својот официјален Твитер профил порача дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, но додаде дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „засега тоа го одбива. “
Премиерката на Србија на својот официјален Твитер профил напиша дека Српската напредна странка е подготвена за избори.
„Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да бидам јасна – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка од премиерската функција, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тоа го знае и засега одбива. Можеби ќе се премисли, сакаат избори – нема проблем, ние сме секогаш за избори“, напиша премиерката на Србија на својот Твитер профил.
Брнабиќ рече и дека „сигурно останува лојална на Србија и на Вучиќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…