Објавено на:

Ескобар: Курти не ја слуша меѓународната заедница

t

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за Би-Би-Си изјави дека ситуацијата на северот на Косово е последица на недостиг на волја на премиерот Албин Курти да ја слуша меѓународната заедница.

Оваа ескалација делумно е резултат на немањето волја од страна на косовската страна да ја слуша меѓународната заедница. Ова непотребно предизвика тензии. Има и други згради од кои може да се работи. Пандемијата на Ковид-19 нѐ научи дека можеме да работиме и од алтернативни локации“, порачува Ескобар.

Тој додава дека напорите на САД да се координираат со Владата на Косово наишле на отпор.

Курти вети дека градоначалниците на северот ќе имаат само технички овластувања додека не се најде решение услугите на граѓаните да бидат функционални, но тоа се претвори во конфликт меѓу оние кои не сакаа новите градоначалници да стапат на функција и тие кој инсистираа градоначалниците да бидат во тие општини од симболични причини“, вели Ескобар.

Тој нагласува дека САД една недела му даваат сигнали на Курти за деескалација на ситуацијата на северот на Косово и потсетува дека се поставени три јасни барања кои мора да бидат исполнети.

Му дадовме многу сигнали, да ги повлече градоначалниците од општинските згради, да ја отстрани косовската полиција од зградите и потоа итно да влезе во процедура за формирање на Заедницата на српските општини“, подвлекува Ескобар.

Како што е најавено, Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, во понеделник и вторник ќе престојуваат во Косово и Србија, со цел да се вклучат во деескалација на тензиите на северот на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек од Косово лажел дека има леукемија,…

Полицијата во Косово во саботата уапси човек…

ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…

Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…

АХВ најави вонредна контрола во млекара по…

Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…

Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…