(Видео) Миновски во Мрежа: Треба сериозно да се запрашаме дали навистина оваа висина на долгот е одржлива на долги стази

t

Ме изненадува климата кај луѓето кои ја критикуваа висината на јавниот долг од 46-47% пред неколку години кога се ширеше психоза каде обичните граѓани ме запираа на улица и прашуваа колкав долг ќе плаќаат нивните деца и внуци, а денеска се прилично тивки кога јавниот долг е речиси 60%, а во најава имаме голем број на нови задолжувања, вели во денешната епизода на МРЕЖА, поранешниот министер за финансии, Кирил Миновски.

-Се разбира треа да се анализирата бројките и од аспект дали е подобрен животниот стандард, инфраструктура, а ако ги анализираме и тие параметри гледаме дека значително заостануваме зад регионот. Денеска во јавноста, она што некогаш се сметало за висок долг, денеска поминува глатко, не гледаме рекации од луѓето кои претпоставувам голем дел се дел од владините структури, па ги менуваат парадигмите, сметаат дека тие правила за 3% дефицит, 60% висина на долг од БДП после Ковид-кризата не важат.

Ние треба сериозно да се запрашаме дали навистина оваа висина на долгот е одржлива на долги стази, на кој начин тој долг ќе се враќа, да се види каква е кондицијата на економијата, каков е трендот на креирање на БДП-то, но ние гледаме дека таа тенденција на зголемување на дефицитите продолжува, вели Миновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Дали енергетскиот систем се води во…

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од…

Дурмиши: Немавме инфлација, туку дефлација – Ако…

Овие беа краткорочни решенија за да им…

Во иста држава живееме? Финансирањето е стабилно,…

Буџетот е стабилен, домашниот пазар ја покрива…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…