ДУИ одбележува 21 година од основањето
Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска одбележува 21 година од основањето. Раководството на партијата предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе присуствуваат на традиционалниот годипен настан во Скопје додека фракцијата на партијата организира собир во Тетово.
Традиционалното одбележување на годишнината од основањето на партијата ќе се одржи во скопскиот хотел Александар Палас. За разлика од други години, овој пат се организира панел дебата насловена „Европски фронт“ на која ќе зборува лидерот на партијата Али Ахмети, а поканети да се обратат се и поранешната министерка Радмила Шекеринска, професорот Петар Арсовски, новинарот Газменд Ајдини, поранешната министерка и градоначалничка на ДУИ Теута Арифи и други.
По дебатата Ахмети ќе им се обрати на членовите на партијата на традиционалниот пригоден коктел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…
Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…
Две лица со автомобил се обиделе да…
Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…
Уапсени петмина вработени во болница во Зеница…
По смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип…
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…