ЗНАМ ДЕКА ВЕЌЕ ИМАТЕ, АМА ЈАС ВИ ПОДАРУВАМ УШТЕ ЕДЕН: Патријархот Порфириј му подари златен жезол на архиепископот Стефан
Денеска дознав дека српскиот патријарх последен пат служел во храмот Света Софија во Охрид пред точно 100 години, рече поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј.
– Да не се случи веќе толку време да чекаме. Нашите врати се секогаш отворени за вас, а верувам и вашите за нас. Да сослужуваме насекаде во светот, онаму каде што има наш православен народ. Ви благодарам на можноста да служам денеска во овој храм. Македонскиот народ нека биде благословен – рече патријархот.
Тој рече дека денеска е роденден на црквата, но исто така се одбележува една година од ланското доделување Томос за автокефалност од СПЦ за МПЦ-ОА.
– Кога очите ни се отворени и кога имаме смирение во душата, Господ делува во нас и околу нас. А кога во нашето срце ќе се појави себичност, колку и да се обидуваме, колку и да живееме во подвиг, тоа не делува. Или во најмала рака, неговото дејство не може да се почувствува. Денеска е роденден на православната црква. А не постојат повеќе цркви, туку постои само една апостолска православна црква, со Исус Христос на чело. Во секоја црква во којашто се служи литургија, присутен е Христос и затоа црквата е над сите поделби и граници. Тоа не значи дека не постојат поединечни дарби и таленти, секој народ си има свој печат, но тој печат треба да се доживее како дар од Бога – рече патријархот Порфириј.
По завршувањето на говорот, тој го повика македонскиот поглавар г.г. Стефан и му подари златен жезол.
– Знам дека веќе имате жезол, но јас би сакал да ви подарам уште еден – му рече патријархот на архиепископот.
Претходно, пак, токму г.г. Стафан му го додели на српскиот патријарх највисокиот орден „Свети Климент Охридски од прв ред“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица со автомобил се обиделе да…
Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила…
Уапсени петмина вработени во болница во Зеница…
По смртта на поранешниот атлетичар Кристијан Јосип…
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Земјотрес со магнитуда 4,8 го погоди Крит…
Земјотрес со магнитуда 4,8 рано во петокот…
Студентската листа во Србија не планира задолжителен…
Задолжителниот воен рок нема да биде воведен…