Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД
Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година, според денешен поднесок до Федералната изборна комисија (ФЕЦ).
Пенс (63) ќе ја почне кампањата во Ајова в среда.
Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.
Поранешниот конгресмен и поранешен гувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања и се повеќе се дистанцира од Трамп.
Тој рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство.
Пенс им се приклучува на се поголемиот број републикански кандидати, меѓу кои се Трамп, гувернерот на Флорида, Рон Десантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…