Просто да не ви се верува: Мицкоски му нуди пакт на Ковачевски – во соопштение на опозицијата се говори за широка Влада!
Уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса, Ковачевски да одбере, а народот избира единство и фер шанса, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Неточно е тврдењето на власта дека ако не прифатиме уставни измени државата ќе влезе во изолација, бидејќи ме може да влеземе некаде каде веќе се наоѓаме. Македонија со СДС е веќе во изолација, затоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор.
СДС секоја година тврдат дека сме почнале преговори со ЕУ, а преговори никаде нема. Па така 6 години откако еве почнавме преговори, а всушност седејќи во чекалницата на ЕУ најлесно им е да кажат дека уставните измени ако не се донесат нема да влеземе во ЕУ, со кои всушност нема ниту преговори.
Шест години Македонија ја ограбуваат и ги лажат народот СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ подготвена на пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за ДУИ после 20 години власт отиде во опозиција.
Кога ДУИ ќе заминат во опозиција, ќе и се раздени на Македонија. Потребен е пакт за национално и државно единство, за да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса, каква што ја имале и другите држави од Централна и Источна Европа кога пристапувале во ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, во вчерашната епизода на Тешки муабети открива дека лидерската средба во четири очи меѓу Мицкоски и Ковачевски веројатно е за рехабилитација на Заев на политичката сцена и во СДСМ.
-Зошто да се кријам ако велам дека нема да има уставни измени, сите треба да слушнат какви се моите ставови. Ако се работи за недоверба кон најблиските соработници има нешто што не им го кажува на нив значи ако дознаат ќе има проблеми во партија, бизнис, кривичен прогон и обид да се рехабилитира Заев во СДСМ преку Хриситијан. Обид за рехабилитација на Заев во СДСМ значи кандидирање за претседател од страна на СДСМ, а терен да му се направи од страна на Мицкоски. Претпоставувам дека тоа е причината за сердбата во четири очи со Ковачевски, вели Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Шест недели нема објавен извештај за водата…
Шест недели по проблемите со водоснабдувањето во…
Македонија го има едно од најголемите наоѓалишта…
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во…
Хегсет: САД не ја исклучуваат употребата на…
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, изјави…
Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…
„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…
Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…