Не е само Турција: И Унгарија ќе размисли дали ќе поддржи членство на Шведска во НАТО
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, за медиумите во оваа земја зборуваше за тоа дали земјата планира во иднина да го одобри влезот на Шведска во НАТО.
Сијарто разговараше и со новиот министер за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, а една од темите на разговорот беше и членството на Шведска во НАТО, со оглед на тоа што Унгарија и Турција се последните земји кои не го ратификуваа членството на оваа земја во воено – политичкиот сојуз.
Сијарто по средбата зборуваше за деталите од разговорите, а особено се осврна на темата за влезот на Шведска во НАТО.
„Би било убаво да можевме да го направиме тоа досега. Тоа би значело дека во последните години шведските политичари немаше да даваат изјави за непочитување и секакви неосновани обвинувања против Унгарија“, рече Сијарто.
Тој исто така рече дека шведските политичари на понижувачки начин зборувале за унгарскиот народ.
„Да се доведе во прашање квалитетот на унгарската демократија значи и да се доведе во прашање зрелоста на унгарскиот народ и дали тој може сам да одлучува за својата иднина“, рече шефот на унгарската дипломатија.
Тој истакнува и дека изјавите на шведските политичари кон Унгарија се нечесни.
„Да не беа овие нечесни изјави на шведските политичари, парламентот полесно ќе донесеше одлука за гласањето. Затоа пратениците ќе размислат кога на дневен ред ќе се најде гласањето за ратификација на членството на Шведска во НАТО, но ќе се гласа за ратификација на членството на Шведска“, заклучи Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Унгарскиот 4iG по Црна Гора и Албанија…
Унгарската бизнис Групација 4iG, е заинтересирана за…
Марија Габриел ќе биде втор човек во…
Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Турција го блокира Инстаграм
Овој потег уследи по коментарите на турскиот…