Денков пред бугарските пратеници: Денеска е денот да изберете влада која ќе има храброст и стручност да носи важни одлуки
Денеска е денот кога можеме да им дадеме надеж на милиони Бугари кои сакаат нашата земја да има редовна влада, порача од собраниската говорница кандидатот за премиер Николај Денков.
-Денеска е денот да се избере влада која ќе има храброст и стручност да ги донесе важните одлуки и да сноси одговорност за нив, нагласи мандатарот на новата бугарска Влада.
Денков се обврза владиниот кабинет, доколку биде избран, да поднесе предлог-буџет со три отсто дефицит, да ги исполни обврските од меѓународната програма, да работи за влез на Бугарија во Шенген и во еврозоната, да работи во тесна координација со Националното собрание за спроведување на законодавна програма, вклучувајќи и измени на Уставот.
Кандидатот за премиер ја претстави структурата и составот на предлог-владата „Денков-Габриел“, прецизирајќи дека првите девет месеци тој ќе биде премиер, а вторите девет месеци на функцијата ќе биде Марија Габриел (ГЕРБ-СДС).
-Мојот детски сон не беше да бидам премиер на држава во акутна политичка криза, со поделено општество, мојот детски сон беше да бидам научник и тоа го реализирав, рече Денков и додаде „затоа, доколку не се остварат приоритетите, ќе поднесам оставка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…
Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…
Времето денеска ќе биде сончево и топло…
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…