Киев ја гранатираше Каховка за да спречи руска офанзива, вели Шојгу
Украинските сили уништија дел од хидроцентралата „Каховка“ за да преместат одредени воени единици од правец на Херсон во поофанзивни области, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, пренесе Танјуг.
Тој рече дека украинските власти синоќа извршиле „уште еден терористички напад“ кога уништиле дел од хидроцентралата и предизвикале поплави на поголема површина.
„Според расположливите податоци, целта на ваквите акции е непријателот, по неуспешните офанзивни операции и со цел зајакнување на потенцијалот, да спроведе план за преместување на одредени единици и опрема од правец на Херсон во областа на нивните офанзивни операции, со што значително ги ослабуваат позициите во правец на Херсон“, изјави Шојгу.
Тој рече дека Киев ја таргетирал хидроцентралата за да ја спречи руската офанзива. Според него, Украина почнала да ги зајакнува одбранбените позиции на десниот брег на Днепар, што ја покажува нивната намера да се бранат таму.
Шојгу рече и дека руската армија го запрела обидот за долго најавуваната офанзива на Украина, откако украинските сили извршиле напади во неколку правци на фронтот. Тој додаде дека за време на нападот непријателот не ги постигнал своите цели и претрпел значителни загуби, пренесува РИА.
„ Обидите за напад беа спречени, непријателот беше запрен, руските војници и офицери покажаа храброст и херојство во битките. Повторувам, непријателот не ги постигна своите цели, претрпе значителни и неспоредливи загуби“, рече Шојгу.
Тој посочи дека украинските сили изгубиле повеќе од 1.600 војници, 28 тенкови, од кои осум „леопарди“ и три тенкови на тркала АМКС-10, како и 136 единици друга воена опрема и додаде дека 71 руски војник загинале при одбивањето на офанзивата. а 210 се повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…