ДУИ прифати да не биде дел од владата што би се формирала по усвојувањето на уставните измени!
ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат на сила пред формирањето на таа влада.
Демократската унија за интеграција не е против идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да си излезе од Владата за да се изгласаат уставните измени.
ДУИ преку министерот за надворешни работи и портпарол на партијата, Бујар Османи, со објава на Фејсбук соопшти:
„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат на сила пред формирањето на таа влада.
Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“
Мицкоски на прес-конференцијата по средбата со Димитар Ковачевски изјави дека
премиерот му понудил Собранието да почне дискусија и да се изгласа потреба од измени на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ и ќе добие пет од десетте ресори кои се сега СДСМ.
„На овој предлог оговорив дека ја разбирам понудата и имам следен став: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да влезе во Влада со СДСМ и останатите партии, но без ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготевена да учества во истата влада, а избори даподготвува техничка влада. Евентуални уставни измени да важат од денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на 27 земји членки на Унијата. Тој тоа го протолкува како кршење на преговарачката рамка“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…
„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…
Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…
Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…
„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат…
Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека…
Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…
Само еден товарен брод вчера минал низ…
ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…
По вчерашното одржување на првото судско рочиште…