Објавено на:

Путин разговараше со престолонаследникот на Саудиска Арабија

t

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман ал Сауд за актуелните прашања од мултилатералната руско-саудиска соработка, соопшти прес-службата на Кремљ.


За време на разговорите, внимание беше посветено на мерките за натамошно зајакнување на трговско-економските врски, на реализацијата на потенцијалните заеднички проекти во областа на инвестициите, транспортната логистика и енергетиката.
Путин и саудискиот престолонаследник детално разговараа и на темата за обезбедување стабилност на глобалниот енергетски пазар.


„Двете страни високо го оценија нивото на соработка во рамките на „ОПЕК плус“, што овозможува да се преземат навремени и ефективни чекори за одржување на рамнотежата меѓу понудата и побарувачката на нафта. Беше забележано значењето на договорите постигнати на неодамнешниот министерски состанок во Ријад“, соопшти Кремљ.

Претходно беше најавено дека организацијата ОПЕК плус ќе го намали вкупниот обем на производство на нафта за уште 1,4 милиони барели дневно од 2024 година.едв

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…