(Видео) Секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за меѓународна соработка: Не знам дали ако дојдеме на власт ќе ги гласаме уставните измени!

t

Секретарот за меѓународна соработка и советник на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје, Стефан Андоновски не е сигурен, дали новата Влада за која тој тврди дека ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за внесување на Бугарите во Уставот и покрај секојдневните тврдења дека неговата партија е последната брана против бугаризацијата која ќе се случи кога ќе се промени Уставот.

Ова дополнително ги потврдува тезите дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски единствено нешто што го интересира е власта, а не условите за внесувањето на Бугарите во Уставот.

Прочитајте и погледнете.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи следната Влада во Република Македонија и мислам дека од ова дно ќе го направиме следниот чекор, одговара Андоновски.

-Дали следната Влада ќе донесе уставни измени, прашува Златев

-Тоа не можам да го знам, не знам какви ќе бидат состојбите со следната Влада. Се надевам дека овие услови што ги имаме како гаранции како заштита на македонскиот интегритет ќе бидат на сцена и потоа мислам дека треба да влеземе во реформи, а уставните измени можат и да почекаат, одговара Андоновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјe ќе добие голем клинички центар, веројатно…

„Кога зборуваме за здравството, зборуваме за нешто…

Целосно затворен патот Крива Паланка – Куманово…

Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка…

„Непознати извори“ би можеле да ги нападнат…

Андреј Федоров, советник на Кремљ, предупреди дека…

Драматичен пад на сообраќајот: Само еден товарен…

Само еден товарен брод вчера минал низ…

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на…

По вчерашното одржување на првото судско рочиште…