„Катимерини“: Бугарија побара грчки авиони да го штитат нејзиното небо
Бугарија побарала грчки воени авиони да го чуваат нејзиниот воздушен простор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Весникот забележува дека Бугарија е четвртата балканска земја која сака грчката авијација да го штити нејзиното небо, по Македонија, Албанија и Црна Гора.
Во опширен извештај грчкото издание „Катимерини“ известува за преговорите во рамките на НАТО меѓу Софија и Атина за заштита на бугарскиот воздушен простор во период од три месеци.
За барањето на Софија било разговарано на состанокот на Алијансата и на дипломатско ниво, пишува изданието, повикувајќи се на извор од седиштето на НАТО.
Бугарските воени авиони се ограничени по број и нивниот капацитет не може да ги покрие сите безбедносни барања, особено во период на војна во Украина, се наведува, пренесе БНР.бг.
Се очекува Бугарија да го добие првиот од нарачаните нови авиони дури во 2025 година, забележува весникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…