(Видео) Кузеска: Нови околности откако ВМРО-ДПМНЕ прифатија уставни измени и учество во Влада – Ковачевски ќе ги консултира органите на партијата за широка коалиција

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри.

Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови.

Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција.

Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено.

СДСМ како одговорна, државотворна партија повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место.

Сега врз основа на новите околности на политичката сцена потребно е дијалогот да продолжи.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се целосно заштитени.

Преговарачката рамка во себе ги содржи сите гаранции, преговорите се одвиваат и ќе продолжат да се одвиваат на официјален македонски јазик, без фусноти и додавки, јазик рамноправен со останатите јазици на ЕУ.

Дополнително, една голема европска држава наскоро ќе донесе Резолуција со која се потврдува дека се препознава и признава недвосмислено македонски јазик, идентитет и македонска култура.

Почитувани,

Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти да се реализира таа цел.

Потребно е национално единство да го заокружиме овој процес, да обезбедиме европска иднина за сегашните и идните генерации, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кушнер: САД работат на најголема размена на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…

Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…

Савески со апел до граѓаните: Не молчете…

Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…