Арсовска на средба со чешкиот амбасадор и сенатори во Чешкиот парламент
Денес остваривме средба со Сенаторите на Чешкиот парламент, заедно со Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и конзулот Давид Чернохорски со кои потврдивме дека соработката со Градот Скопје која е интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на бројни квалитетни заеднички иницијативи и проекти, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Претседателот на Комисијата за економија, земјоделство и транспорт на Чешкиот парламент, Мирослав Плевни, заменик претседателот на Комисијата за енергетика и транспорт Онджеј Фебер, претседателот на Поткомитетот за енергетика и транспорт, Михал Кортиш, член на Комисијата за земјоделство, Ростислав Коштиал како и Андреа Јонузова секретар на комисијата на која го потенциравме континуитетот на добрите пријателски билатерални односи меѓу Македонија и Чешка.
Оваа пријателска средба ќе придонесе за продлабочување на меѓусебната соработка како и продолжување на меѓусебната размена на знаења и искуства во повеќе области при реализација на заедничките иницијативи. – напиша градоначалничката на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…