Објавено на:

Пукање во Чаир: Ранет е 40-годишен човек

t

Рано утрово, 40-годишен жител на Скопје бил донесен во приватна болница со рана од огнено оружје, по што било утврдено дека некој стрелал во него од пиштол во населбата Чаир, соопшти полицијата.

„На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов” во населба Чаир, едно лице од пиштол пукало кон В.А.. На местото биле пронајдени две чаури“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

Меџити: Чаир е само шеста општина во…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…

Опожарени три возила во Чаир

На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…

Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…