Божиновски до Гир: Ангола да не влезе во ЕУ место нас?

t

Божидар Божиновски ја коментира изјавата на евроамбасадорот во Македонија,Дејвид Гир, кој вели дека ако Македонија не ја искористи шансата за влез на Македонија во ЕУ, тогаш некој друг ќе ја искористи.

-“Ако не ја искористите шансата некој друг ќе ја искористи” – евроамбасадорот во Македонија

Ангола да не влези во еу место нас?- напиша Божиновски на Фејсбук.

Вратата на Македонија кон Европската Унија е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, истакна амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Нагласува дека доколку не се направат уставните измени, тоа значи дека сме ја пропуштиле шансата, која други ќе ја искористат.

-Уставните промени се голем проблем. Суверенитетско прашање е за државата. Но мислам дека неколку елементи ќе бидат особено важни и ќе треба да се земат предвид штом ќе се објави предлогот и ќе стане достапен за јавноста. Ќе почнам со уставните промени. Мислам дека пред сѐ тука се клучни тајмингот и контекстот. Лани во јули ги почнавме пристапните преговори со Македонија. Засега процесот се одвива добро. Скринингот е во тек, тимовите се добро организирани и гледам позитивни промени. Постои залет. Но постои еден поширок контекст како резултат, за жал, на војната на Русија против Украина. Има залет за проширувањето и сите сега ја разбираат сериозноста на интересот за напредување во процесот на проширувањето на ЕУ. Мислам дека сега има голема шанса. Во овој миг вратата е отворена доколку се воведат уставните промени. Така државата ќе премине на следниот чекор, рече Гир во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

68% од граѓаните би гласале ЗА членство…

68% од граѓаните на Република Македонија позитивно…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

Ексклузивно писмо: Франција, Италија и Германија го…

Чекорите што ги презеде Косово не ги…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…