Објавено на:

Египет бара 2 милијарди долари отштета од Нетфликс поради документарецот за Клеопатра

t

Стриминг сервисот Нетфликс објави документарен филм за легендарната египетска владетелка, но тој брзо беше осуден кога беше објавен првиот трејлер. Коментарите на Јутјуб мораа да бидат исклучени бидејќи луѓето бесно го проколнуваа стриминг гигантот, сето тоа затоа што Адел Џејмс, црнкинка, ја глуми познатата владетелка – кралицата Клеопатра.

Документарната серија, чиј извршен продуцент Џејда Пинкет Смит, ја прикажува историчарката Шели Хејли која изјавува: „Клеопатра беше црна“. Но, евидентирано е дека Клеопатра има македонско потекло. Вообичаените историски записи покажуваат дека нејзиното македонско семејство, династијата Птоломеј, владеела со Птоломејското Кралство повеќе од три века.

И покрај тоа што не беше етнички Египќанка, Клеопатра прифати многу од древните обичаи на нејзината земја и беше првиот член на птолемејската линија што го научи египетскиот јазик“, тврди „хистори.ком“.

Многумина го обвинија Нетфликс дека ја „препишува историјата“ затоа што ја прикажува Клеопатра како црнкинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итен прекин на огнот! Путин и претседателот…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…

Египет ќе ја отвори границата за хуманитарна…

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри…

Во Египет собир на приврзаници на Сиси…

Неколку илјади приврзаници на египетскиот претседател Абдел…

Египет: Дедоларизација е заедничка цел на БРИКС

Заменик-претседателот на Комитетот за економски прашања на…

Египет бара 2 милијарди долари отштета од…

Стриминг сервисот Нетфликс објави документарен филм за…