Објавено на:

Ѓоковиќ се надева на победа во финалето на Ролан Гарос: Го живем мојот сон

t

По победата од 3:1 (6:3, 5:7, 6:1, 6:1) против Карлос Алкараз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека го живее својот сон и дека неговиот противник денеска немал среќа бидејќи се повредил.

„Прво морам да кажам дека Карлос немаше среќа. На ова ниво не сакате такви работи, грчеви и проблеми во финалето на еден Грен слем. Му кажав дека е фантастичен играч и дека ќе дефинитивно освои турнир во иднина.Тешко му беше да одлучи дали да се предаде или не и му честитам што се бореше до крај.И на крајот од вториот сет не се чувствував свеж. Потоа доби грчеви и тоа беше сосема поинаков меч од тогаш па натаму. Видов како се мачи, се обидов да не размислувам за тоа и се надевам дека наскоро ќе се врати на теренот“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ изјави дека се надева дека ќе победи во финалето в недела, пренесува Танјуг.

„Среќен сум што повторно сум во финалето, го живеам мојот сон, сакам да играм на Ролан Гарос и среќен сум поради финалето, се надевам дека ќе прикажам добра игра и ќе победам во недела“, заклучи Ѓоковиќ, чиј ривал во финалето ќе биде подобар од дуелот меѓу Каспер Руд и Александар Зверев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…

Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…

ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…

Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…

СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…