Ковачевски: Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, да ја донесеме оваа одлука за доброто на идните генерации

t

Стапувањето во сила на уставните измени е регулирано во преговарачката рамка, која дефинира дека имаме чист макеоднски јзаик, го заштитува македонскиот идентитет, вели во гостување во емисијата “360” премиерот Димитар Ковачевски.

Билатералните прашања со Бугарија се дел од билатералните односи со Бугарија, за тоа постојат комисии кои одлучуваат консензуално, заклучоците се имплементираат реципрочно. Пеговарачкиот процес е со Брисел, не со Софија.

Процесот на преговори со ЕУ и прифаќањето на преговарачката рамка е направен од страна на Собранието како врвно законодавно тело. Тоа беше направено со заклучоци кои ја обврзуваат Владата да се придржува до заштитата на македонскиот јазик, иднетитет и култура, за кои не постојат компромиси во преговорите и тоа го гласале за сите пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ досега нема поддржано ниту една стратешка одлука на државата, тие не го поддржаа договорот со ФРОНТЕКС каде за првпат имаме чист македонски јазик, вели Ковачевски.

Сметам дека сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, да ја донесеме оваа одлука (уставните измени) за доброто на идните генерации и сите граѓани, вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…