Објавено на:

Косовски политичар го нападна Еди Рама: Зошто давал идеи без да се консултира со Курти

t

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца го оцени како грешка дејствувањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој им предаде драфт-статут за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово на претседателот на Франција, Емануел Макрон и канцеларот на Германија, Олаф Шулц.

По денешната манифестација по повод 145-та годишнина од Призренската лига, Коњуфца изјави дека Рама не требал да изготви таков документ без да седне и да разговара околу тоа со косовскиот премиер, Албин Курти.

Според косовскиот собраниски спикер, никој не побарал од Рама да изработи некаков драфт-статут на Заедницата.

„Немаме интерес за тоа, затоа што сметам дека тое е прашање на косовските институции. Албанскиот премиер рече дека е тајна, но нашиот потпретседател (на Собранието, опозицискиот пратеник Енвер Хоџај) вели дека го видел. Многу драфтови циркулирале досега, но ниту еден немал ефект во Косово… Во принцип мислам дека е грешка, без оглед на содржината. Тоа е дефект во принцип, затоа што албанскиот премиер не би требало да врши такви дејствија без да седне со косовскиот премиер и без да ги разгледаат сите тие прашања заедно. Тие мислам дека често се среќаваат, но ова беше едностран потег“, изјави Коњуфца.

Во врска со најавите дека САД и Европската унија можат да воведат санкции кон Косово доколку не ги исполни нивните барања за надминување на ситуацијата на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, Коњуфца рече дека државните институции соработуваат тесно со сојузниците со цел смирување на состојбите.

Мислење за нацрт-статутот на Рама за Заедницата на општини со српско мнозинство новинарите побараа и од премиерот Курти и од претседателот на Албанија,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…