Објавено на:

Зеленски потврди: Почна украинската контраофанзива

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на брифинг изјави дека се спроведуваат контраофанзивни и одбранбени акции и дека украинската војска е позитивно расположена, пренесе агенцијата УНИАН.

„Во Украина се одвиваат контраофанзивни и одбранбени дејствија, во која фаза, нема да кажам детално… Мора да имате верба во нашата војска, а јас верувам во нив. Јас сум во секојдневен контакт со нашите команданти… Во моментов сите се позитивни“, рече тој.

Руската армија известува за масовни украински напади веќе шест дена, главно на јужниот фронт. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека украинските сили започнале контраофанзива против Русите, но дека нема да ги постигнат своите цели, како и дека трпат големи загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…