Објавено на:

Саудискиот принц им се закани на Бајден и САД!

t

Без оглед на тоа дали наводните закани на саудискиот принц Мохамед бин Салман кон САД се автентични или не, односите меѓу двете земји се влошија откако Бајден дојде на власт. Како „одговор на навредите“, саудискиот престолонаследник презеде чекори што ја маргинализираа улогата на САД на Блискиот Исток, според Драган Бисениќ.


Престолонаследникот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија им се закани на Соединетите Американски Држави со „сериозни економски последици“ затоа што планираат да го казнат Ријад за неговата одлука да го намали производството на нафта, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на доверливи документи.

Извор од Советот за национална безбедност на САД изјави дека не знае ништо за таквите закани од Саудиска Арабија.
„Ваквите документи, генерално, претставуваат актуелен одраз на реалноста и не даваат целосна слика“, нагласи тој. Според него, Вашингтон ја продолжува соработката со Ријад и го смета за важен партнер за унапредување на заедничките интереси на Блискиот Исток.


Телеграмата на американската разузнавачка служба, во која се зборуваше за заканите на принцот, е откриена поради големо протекување на доверливи документи на платформата „Дискорд“. Во исто време, останува нејасно дали зборовите на саудискиот принц биле директно упатени до американски официјални лица или биле пресретнати со помош на електронско прислушување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…