Објавено на:

Рускиот патријарх ги повика Русите да се молат за Русија и Путин: Вистината е на наша страна

t

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил потсети дека христијанството учи одговорност за својата земја, што е особено актуелно денес. Според него, вистината е на руска страна.


„Христијанството нè учи на одговорност – за зачувување на верата, се разбира, но и одговорност за себе, за нашите соседи, за нашата земја. Денес оваа одговорност е особено актуелна поради она што се случува во соседната земја и она што се случува денес во раскрсницата на односите на Русија со западниот свет“, рече рускиот патријарх на осветувањето на катедралата Благовештение во Тјумен.


„Каков да биде нашиот одговор? Прво, не треба да се плашиме од ништо. Мораме да сфатиме дека вистината е на наша страна. А ако е вистината, тогаш страдањето за вистината не е грев, туку напротив , тоа е спасоносно.Што е страдање?„Не да се повлечеме и да се предадеме, туку навистина да ги браниме тие позиции – политички, духовни, кои треба да се бранат денес“, додаде тој.
Шефот на РПЦ ги повика сите да се молат за Русија и за нејзиниот врховен командант, „православен човек кој храбро ја презеде одговорноста за се што ни се случува денес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…