Таравари се мајтапи со Мицкоски: Ја поздравуваме новата волја на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени
Размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијаат и на интересот на Албанците. Алијансата за Албанците внимателно ја анализира новонастанатата состојба и до крајот на неделата ќе одржиме состанок на раководството на партијата од каде ќе излеземе со усогласен став во партиските органи, истакнуваат од оваа партија.
Подвлекуваат дека имаат три пораки.
„Прво, иако нивните услови се конфузни и надвор од реалноста, ја поздравуваме новата волја на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставните измени. Како што сите знаеме, нашата преговарачка рамка одобрена од 27-те земји-членки на ЕУ експлицитно го условува отворањето на преговорите со усвојување на уставните измени. Значи, првин усвојување на уставните измени, а потоа отворање на преговорите. Затоа, оценувам дека условот на македонската опозиција за суспензивни уставни измени е едноставно неостварлив, бидејќи е во спротивност со преговарачката рамка на ЕУ. Уставните измени треба стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција.
Второ, во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албанските партии од владата, сакам да нагласам дека нас нè интересира завршувањето на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не изборните калкулации. Алијансата за Албанците реши да влезе во владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во владата или надвор од неа. За нас е важно само завршувањето на процесот и ќе дадеме свој придонес, без услови и без уцени.
И трето, ние како Алијанса за Албанците ќе продолжиме да го туркаме напред нашето барање за отстранување на 20 проценти кои го негираат албанскиот идентитет и воведување на албанскиот јазик во Уставот на земјата.
Ценам и верувам дека сега е моментот да се направи оваа промена“, велат од Алијанса за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Љупчо Пренџов избран за заменик генерален секретар…
На вчерашната седница на Извршниот Комитет на…
Трамп бара дополнителни 350 милијарди долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го повика Сенатот…
Денес се празнуваат Светите апостоли Стахиј, Амплиј,…
Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди и со…
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…