Германец и Белгиец снимале голи деца во Хрватска
Уапсени се 61- годишен Германец и 57- годишен Белгиец, под сомнение дека снимале голи деца во Пула и Ровињ.
Полицијата во Пула го обвини германскиот државјанин за детска порнографија бидејќи наводно снимил голо дете како се тушира во камп во областа Премантура.
Белгискиот државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека со мобилен телефон скришно снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.
Во двата случаи, полициски службеници извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените.
Овој тип на инциденти бил вообичаен секоја летна сезона на хрватското приморје. Најчесто биле странски државјани кои фотографираат или снимаат голи деца со мобилни уреди, соопштуваат локалните медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…