Убиен маж во Градско: Убиецот немал дозвола за оружјето
Вчера попладне во Подлес, Градско, по расправија пред куќата на С.СИ. (61), тој извадил пиштол ,,Црвена застава” и пукал кон велешаните М.В. (44) и М.С. (42) со кои имал недоразбирања.
Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д (42) додека со тешки телесни повреди се здобил М.В (44) кој бил транспортиран во велешка болница. Смртта кај М.Д. ја констатирал лекар на Итна медицинска помош од Велес.
Пиштолот бил пронајден и одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица.
Убиецот немал дозвола за оружјето.
Како што информираат од СВР Велес, увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица повредени со остар предмет, во…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.И.(37)…
Албански државјанин почина во Кичево – ќе…
МВР информира дека вчера во 19:40 часот…
Работник повреден при извршување работни задачи во…
Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…
Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…
На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…
Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац
Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…