ДУИ ќе отстапи од барањето за премиер Албанец само ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени
ДУИ има понуда за ВМРО-ДПМНЕ со цел да се реализираат уставните измени. Oд ДУИ се подготвени да се откажат од сите досегашни позиции, вклучително и од барањето за премиер Албанец, а премиерското место да му го отстапат и на ВМРО-ДПМНЕ, но само под услов промената на Уставот да стапи на сила пред втората меѓувладина конференција.
„Тој план од три точки опфаќа опозицијата да ги поддржи уставните измени кои би влегле во сила до втората меѓувладина коференција. На истиот ден ДУИ би се повлекла од сите позиции во Владата вклучувајќи и што би го добила дали од опозиција или позиција во пржинската или техничката Влада. Сите позиции. Има само еден услов, тоа е точката три, доколку се прифати овој план задолжително уште утре да има истрага на политичките партии“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Прашан пак за тоа што би се истражувало и кој се бил опфатен, Османи посочи дека на овој начин би се ставило крај на темата за корупција и криминал во политичките партии, која според него добила енормни размери. Ќе бараат со поддршка од меѓународниот фактор да се направи истрага на партиските претседатели, потпретседатели и сите останати носители на јавни функвии.
ВМРО-ДПМНЕ бара уставните измени да важат по влезот на државата во ЕУ, но претседателот Стево Пендаровски објасни дека тоа не е можно.
Без внесување на Бугарите во Уставот, Македонија не може да продолжи по европскиот пат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…