До кога Слободан Крстевски ќе купува време и ќе му штети на ФК Вардар!?
Наместо убави моменти, кои според секоја логика требаше да ги доживуваме, а ФК Вардар да ги живее, започнува црно сценарио, во кое во главна улога е олигархијата, и темната страна на политиката, на терен претставена од најистурениот играч на непријателите на Вардар, “сопственикот” – Слободан Крстевски.
Тој во многу наврати си дозволи да ги излаже сите и стручниот штаб и играчите и секој еден поединец од сите делови на она што претставува Вардар, а паралелно и јавноста.
ФК Вардар е ставен во многу незавидна ситуација од тие лаги, манипулации и измами со кои се служи овој човек, а покрај него и сите кои стојат позади него, во оваа специјална војна која му се случува на клубот.
Крстевски ветува дека до Петок, ФК Вардар ќе поднесе Завршна сметка и Ревизорски Извештај до Лиценцната Комисија при Фудбалската федерација на Македонија, за настап во првата лига, со цел да докаже дека барем еднаш ќе одигра за интересите на Вардар и сите кои се вљубени во тоа свето име и Македонска Авангарда. Иако е клубот “негов”, тој
до сега ниту еднаш не направи ниту еден потег за да го покаже тоа на дело.. Неверојатно, но вистинито!
Институциите, и надлежните органи не најдоа за сходно, барем до сега, да направат било каков чекор во правец на заштита на она што претставува Национално Богатство, Симбол и Клуб на Народот. А упатени беа безброј апели, од искрени побуди и со чистина невидена досега на нашата сцена. Тоа не беше доволно, за да се одбере народот наместо олигархијата, за жал.
Останува да видиме како ќе помине и оваа недела и која ќе биде новата ,,приказна” на Крстевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
Авион на линија Тел Авив-Виена принудно слета…
Авион на линијата Тел Авив – Виена…
Трамп го поддржа Нетанјаху пред изборите во…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази поддршка…
Денес се празнува Светиот апостол Тома
Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со мала до умерена локална облачност.…